Услуги


Изработка на проектна документација,
управување со проекти
(project management)

Изработка на проектна документација на ниво на студии, идејни, основни и изведбени проекти за сложени хидро-технички системи и комплексни инженерски и индустриски објекти со сите фази.
Организација, координација и управување на мултидисциплинарни проекти (project management) при изработка на проектна документација.

Констултантски услуги

Дефинирање и оптимирање на организациони решенија и технологија при изведба. Дефинирање и оптимирање на работи и работни процеси при изведба. Дефинирање на тесни грла при изведба на работите и давање насоки и предлози за нивно отстранување. Анализа и евалуација на доставени понуди и изработка на извештај за можен изведувач или изведувачи на работите. Изработка и проверка на договорна документација со идни изведувачи. Стручна помош во преговори со идни изведувачи до потпишување на договор. Експертска процена (ревизии) на инвестиционо-техничка документација. Експертска процена (ревизии) на проектна документација.

Подготовка на тендерска документација

Подготовка на тендерска документација за мултидисциплинарни проекти и координација со тендерската постапка.

Управување со изградба
(construction management)

Управување со изградба (construction management), стратешко планирање, управување со тимот и генерален менаџмент при изведба на проекти

Надзор над изведба

Надзор при изградба, контрола на квалитетот и количините со финансиска анализа на изведените работи и изработка на проектна документација на изведена состојба.