ХЕЦ „Света Петка“

Клиент:

А.Д. ЕСМ (Електрани на Македонија)

Обем на договорената работа:

Изработка на проектна документација, градежен дел:

  • Основен преокт
  • Изведбен проект

Оперативно техничка координација (constructuin managament) и надзор во изведба на објектите.

Период:

2006 – 2009

Технички податоци:

  • Река: Треска
  • Инсталиран проток: Qi=2×50.00 m3/s
  • Бруто пад: Hbr=48.30 m
  • Инсталирана моќност: Pi=2×18.20 MW
  • Годишно производство:E=43 GWh

Опис:

Хидроцентралата Света Петка е лоцирана во кањонот на реката Треска, помеѓу постоечките хидроцентрални ХЕЦ Козјак и ХЕЦ Матка во северниот дел на Македонија, во близина на град Скопје. Таа претставува прибранска постројка со следните објекти:

  • Брана
  • Машинска зграда
  • Одводна вада со регулација
  • Шахтен преливник

Брана:

Бетонската лачна брана е со конструктивна висина од 64.00 м и должина во круната од 110.00 м. Проектната документација го опфаќа следното:

  • Дефинирање на диспозиијата и геометриските карактеристики на телото на браната во согласност со барањата од опремата.
  • Статичка и динамичка анализа на телото на браната.
  • Посебни технички услови за бетонот на телото на браната со дефинирање на критериумите и посебните испитувања.
  • Оскултација на браната – дефинирање на типот, бројот, местоположбата на инструментите и критериумите за оскултација на телото на браната.
  • Критериуми за телото на браната при прво полнење на акумулацијата.

Машинска зграда:

Во машинската зграда има поставено две Францис турбини со инсталиран капацитет од 2×18.5 MW. Конструкцијата во основа е со правоаголна форма со димензии 20.25×32.5 м. и вкупна коструктивна висина 32.8 м. на подземниот и надземниот дел. Проектната документација го опфаќа следното:

  • Дефинирање на диспозиијата и геометриските карактеристики на телото на браната во согласност со барањата од опремата.
  • Статичка и динамичка анализа на машинската зграда.
  • Арматурни детали во соогласност со фазите на бетонирање и вградување на опремата.